Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот британски колега Доминик Раб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот британски колега Доминик Раб му ја достави желбата за побрзо оздравување на британскиот премиер Борис Џонсон кој е хоспитализиран поради дијганостицирање со нов тип коронавирус (Ковид-19)

1391747
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот британски колега Доминик Раб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот колега министерот за надворешни работи на Велика Британија Доминик Раб. 

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор министерот Мевлут Чавушоглу на својот британски колега Доминик Раб му ја достави желбата за побрзо оздравување на британскиот премиер Борис Џонсон кој е хоспитализиран поради дијганостицирање со нов тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, британскиот премиер Борис Џонсон на препорака на неговиот лекар синоќа беше хоспитализиран на понатамошно тестирање. 

Џонсон кој имаше симптоми на висока температура и кашлица на 27 март беше позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести