Донесените 299 турски државјани од Алжир ставени во карантин во студентски дом во Маниса

Според објавеното соопштение од губернијата на Маниса, 299 турски државјани кои се донесени денеска од Алжир се сместени и ставени во карантин во студентскиот дом Јунус Емре на Институцијата за кредит и интернати при Министерството за младина и спорт

1391631
Донесените 299 турски државјани од Алжир ставени во карантин во студентски дом во Маниса

299 турски државјани кои се донесени од Алжир се ставени во карантин во студентски дом во градот Маниса.

Според објавеното соопштение од губернијата на градот Маниса, 299 турски државјани кои се донесени денеска од Алжир се сместени во студентскиот дом Јунус Емре на Институцијата за кредит и интернати при Министерството за младина и спорт.

Патниците кои пристигнаа на аеродромот Аднан Мендерес во Измир беа донесени во студентскиот дом со дезинфектирани автобуси на локалната самоуправа на Маниса .

Патниците од автобусите слегоа во групи од по 5 лица зачувувајќи го социјалното растојание и потоа во здравствениот шатор поставен од страна на екипите на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) во дворот на интернатот, поминаа од здравствена контрола.

На донесените турски граѓани кои во студентскиот дом ќе останат во карантин во текот на 14 дена, им беше измерена температурата, им беа дезинфектирани рацете и им беа дадени маски и ракавици.

Претходно уште 319 турски државјани кои на 30 март беа донесени од Соединетите Американски Држави (САД) и од Етиопија исто така беа ставени во карантин во градот Маниса.

На тој начин бројот на турските граѓани кои се ставени во карантин во студентските домови во градот Маниса заедно и со донесените 299 граѓани од Алжир, се зголеми на 618 лица.



Слични вести