Реакција од Турција против недоличното писмо од Мицотакис до Макрон и Меркел во врска со мигрантите

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој писмото коешто го испрати до Макрон и Меркел го окарактеризира како „производ на едно крајно изопачено и неморално разбирање“

1391005
Реакција од Турција против недоличното писмо од Мицотакис до Макрон и Меркел во врска со мигрантите

Турција покажа реакција против писмото коешто грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го испрати до францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, одговори писмено на поставеното прашање за писмото коешто грчкиот премиер Мицотакис го испрати до францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Меркел во врска со Турција.

Тоа што Мицотакис во ова негово писмо предлага да и се додели финансиска поддршка на Турција согласно бројот на мигрантите, Аксој го окарактеризира како „производ на едно крајно изопачено и неморално разбирање“. 

Потсетувајќи дека Мицотакис во писмото предлага финансиската поддршка на Турција да се достави пропорционално со намалувањето на мигрантските бранови кон Европа, портпаролот Хами Аксој рече: „Додека сѐ уште е свежо во сеќавањата нечовечното и срамно постапување на Грција пред очите на целиот свет против мигрантите (бегалците) кои дојдоа на нејзината врата, тоа што оваа земја сега предлага материјална поддршка според бројот на мигрантите (бегалците), е производ на едно крајно изопачено и неморално разбирање. Турција, во потполност поради хумани (човечки) причини досега за 4 милиони бегалци кои ги загрижи има потрошено 40 милијарди долари.“

Подвлекувајќи Европската унија (ЕУ) од ветените 6 милијарди евра за Турција за Сиријците до денеска испрати само 2,7 милијарди евра, Аксој напомена дека истата Европска унија (ЕУ) на Грција за 100 илјади бегалци кои се наоѓаат во оваа земја и даде поддршка од приближно 3 милијарди евра.

„Нашиот предлог е траен: Бегалците во нашата земја Грција ми можела да ги земе самата. И Европската унија (ЕУ) материјалната поддршка којашто ќе ја даде за бегалците би можела да и ја даде на Грција. Ние склопот на соседските односи (како соседи) би можеле да и дадеме материјална поддршка на Грција.“ - рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој.

Писмо од Мицотакис до Макрон и Меркел во врска со Турција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис испрати писмо до францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во кое предложи да се потпише нов договор за мигрантите меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција и во тие рамки предложи материјалната поддршка којашто ќе и се додели на Турција да биде пропорционално со намалувањето и зголемувањето на мигранските бранови кон Европа.

Мицотакис во ова свое писмо констатира дека Турција располага со сила за целосна контрола на мигрантските бранови и наведе дека официјална Анкара мигрантите ги користи како средство на притисок против Европската унија (ЕУ).

 

 



Слични вести