Во Турција бројот на починатите од Ковид-19 се покачи на 425 лица, а на случаите на зараза на 20.921

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека во последните 24 часа починаа уште 69 лица со што бројот на вкупниот број на смртните случаи во земјата досега се зголеми на 425 лица, а се утврдени 20.921 случај на зараза

1390891
Во Турција бројот на починатите од Ковид-19 се покачи на 425 лица, а на случаите на зараза на 20.921

Во Турција бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се покачи на 425 лица, а на случаите на зараза на 20.921.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека во последните 24 часа починаа уште 69 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 425 лица.

Велејќи дека во последните 24 часа се извршени уште 16.160 тестови, Коџа рече дека од нив кај 2.786 лица е утврдена зараза од вирусот.

Досега во Турција се направени вкупно 141.716 тестови.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа воедно информира дека бројот на излекуваните од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 484 лица.

 



Слични вести