Реализирана 38-та заедничка турско-руска копнена патрола источно од реката Еуфрат, во Сирија

Министерството за национална одбрана соопшти дека вчера во склопот на постигнатиот меморандум во Москва е реализирана 38-та заедничка турско-руска копнена патрола, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1390710
Реализирана 38-та заедничка турско-руска копнена патрола источно од реката Еуфрат, во Сирија

Реализирана е 38-та заедничка турско-руска копнена патрола источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, во која учествуваа воените елементи на Турција и Русија. 

Заедничката патрола беше реализирана во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерството за национална одбрана соопшти дека вчера во склопот на постигнатиот меморандум во Москва е реализирана 38-та заедничка турско-руска копнена патрола, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на Твитер се вели следното: „Заедничката 38-ма копнена патрола на турските и руските воени елементи е реализирана источно од реката Еуфрат, во рамките на мерките против Ковид-19 со заштита со маски и со зачувување на правилото на социјално растојание.“ 

И на споделените фотографии беше согледано како војниците на двете земји (турските и руските војници) носеа маски на своето лице и се придржуваа кон правилото на социјално растојание.

 



Слични вести