Претседателот Ердоган ги објави новите мерки во борбата против коронавирусот

Донесена забрана за излегување на улица (за движење) на лица под 20 годишна возраст, воведена е 15 дневна забрана за влез и излез за возилата во и од 31 град во земјата, а лицата кои се наоѓаат на прометни места се обврзани да носат заштитна маска

1390937
Претседателот Ердоган ги објави новите мерки во борбата против коронавирусот
Cumhurbaşkanı Erdoğan Koronavirüs Yeni Tedbirler.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Koronavirüs Yeni Önlemler.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги соопшти новите превентивни мерки во рамките на борбата против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека согласно препораките на Научниот совет кој е формиран во врска со епидемијата, по направените проценки во надлежните институции се донесени низа одлуки, претседателот Ердоган информира дека новите превентивни мерки во борбата против коронавирусот ќе почнат да се спроведуваат почнувајќи од вечерва на полноќ по турско време.

Според тоа, е донесена забрана за излегување на улица (за движење) на лица под 20 годишна возраст, воведена е 15 дневна забрана за влез и излез за возилата во и од 31 град во земјата, а лицата кои се наоѓаат на прометни места (во маркети, пазари и сл.) се обврзани да носат заштитна маска.

Појаснувајќи дека на оние кои ќе презентираат спротивен начин на однесување непочитувајќи ги предупредувањата без двоумење ќе им се изречат потребните административни и судски казни, претседателот Ердоган рече: „Нашата цел не е да ги измачуваме нашите граѓани, туку да ги ставиме под гаранција и нивното лично здравје и здравјето на оние кои ќе бидат во контакт со нив.“

„Колку добро ќе се придржуваме кон правилата во толкав степен ќе ја ставиме под контрола епидемијата и ќе можеме да ја уништиме (елиминираме) болеста“ , рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и својот говор го заврши со зборовите: „Во наши раце како 83 милиони, е кога ќе го вратиме животот во нашата земја во нормала.“



Слични вести