Прва средба на шефовите на дипломатии на НАТО преку видеоконференција во 70 годишната историја на Сојузот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека во 70 годишната историја на Алијансата за прв пат се одржа еден состанок на министрите за надворешни работи преку видеоконференција

1390129
Прва средба на шефовите на дипломатии на НАТО преку видеоконференција во 70 годишната историја на Сојузот

Министрите за надворешни работи на НАТО за прв пат остварија средба во виртуелна средина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека во 70 годишната историја на Алијансата за прв пат се одржа еден состанок на министрите за надворешни работи преку видеоконференција.

Столтенберг даде куса изјава на почетокот на состанокот преку видеоконференција на кој се состанаа министрите за навдорешни работи на 30 земји членки на НАТО.

Привлекувајќи внимание дека епидемијата на новиот тип коронавирус стана причина да се оди на одредени измени во начинот на работа на НАТО, Столтенберг рече: „Нашето трансатлантско семејство претходно никогаш не се соочи со непријател од ваков вид, меѓутоа верувам дека би можеле да го пребродиме ова во единство и солидарност.“

Министрите за надворшени работи на земјите членки на НАТО кои се состанаа со дневен ред посветен на Ковид-19, истовремено ќе разгледат и различни други прашања како што се меѓународниот тероризам, Авганистан, мисијата за обука во Ирак, Грузија и Украина.

На состанокот што се одржа преку видеоконференција Турција ја претставуваше министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести