Претседателот Ердоган оствари одделни телефонски разговори со своите колеги Путин и Зеленски

Претседателот синоќа оствари одделни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски посветени на борбата против коронавирусот и други актуелни прашања

1389519
Претседателот Ердоган оствари одделни телефонски разговори со своите колеги Путин и Зеленски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Соред објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин беа разгледани прашања во врска со борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), билатералните односи и регионални прашања.

Во објавеното соопштение од сервисот за печат на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) исто така се истакнува дека Ердоган и Путин разговараа за ситуацијата во врска со епидемијата на Ковид-19 и се информираа меѓусебно по прашањето на мерките коишто се преземаат за борба против епидемијата.

Во телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери беше разгледано и прашањето за соработка во однос на враќањето назад во својата земја на руските државјани кои се наоѓаат во Турција, поради Ковид-19.

Двајцата лидери во разговорот воедно разменија обемни мислења и по прашањата на Идлиб и Сирија, вклучувајќи ја и имплементацијата на руско-турскиот договор со датум од 5 март, за воспоставување на стабилноста во подрачјето на Идлиб.

Ердоган и Путин разговараа и за либиското прашање, како и за економската соработка помеѓу двете земји.

Двајцата лидери постигнаа согласност и по прашањето на продолжување на своите контакти на различни нивоа. 

Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет исто така информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски посветен пред се на соработката во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), како и билатералните односи и регионални прашања. 

Во објавеното писмено соопштение од претседателството на Украина пак, се вели дека Ердоган и Зеленски разговараа телефонски во врска со Ковид-19 кој проодлжува да се шири во светот и преговараа за мерките коишто се преземаат со цел да се заштитат граѓаните на двете земји. 

Во соопштението поготово им се одделува место на следните зборови: „Ердоган рече дека ќе го разгледа барањето на Украина за респираторни апарати и специјална заштитна облека од Турција.“



Слични вести