Пораки со благодарност од Шпанија и Италија до Турција за испратената медицинска помош

Од страна на Шпанија и Италија пристигнаа пораки со благодарност до Турција за испратената медицинска помош во рамките на борбата против коронавирусот

1389719
Пораки со благодарност од Шпанија и Италија до Турција за испратената медицинска помош
Türkiye-den ispanya ve italya-ya yardım_2.jpg
tsk italya ispanya yardim.jpg
turkiye ispanyaya yardim .jpg
italya turkiye yardim 1.jpg
italya turkiye yardim.jpg

По испратената медицинска помош вчера од страна на Турција за Шпанија и Италија во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пристигнаа голем број пораки со благодарност од овие земји до Турција.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Санчез Лаја на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели пораката на Министерството за национална одбрана на Турција по ова прашање, го тагираше министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и ѝ се заблагодари на Турција.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така и одговори на својата колешка со зборовите „Пријателите се за овие денови. Поздрав до нашиот сојузник Шпанија.“

Началникот на Генералштабот на Шпанија Мигуел Ангел Вилароја исто така на својот профил на социјалната медија објави порака со благодарност до Турција и до другите сојузнички земји во НАТО за доставената поддршка.

Постојаното претставништво на Шпанија во НАТО на својот профил на Твитер и се заблагодари на Турција споделувајќи ја пораката „Заедно сме и во борбата против Ковид-19“, како и пораката напишана на карго пратките со помош, со зборовите на познатиот турски мислител, хуманист, мистик и судија Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку бројни надежи има по безнадежноста. Колку бројни сонца има по мракот.“

Генералниот директор за одбранбени политики на шпанското министерство за одбрана генерал мајор Фигуеро го истакна следното: „Турскиот народ покажа солидарност со шпанскиот народ. Ние сме благодарни, благодариме.“

Пораки со благодарност до Турција за испратената медицинска помош пристигнаа и од италијанските високи функционери.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луџи Ди Мајо на својот профил на Твитер ги сподели фотографиите на карго авионот кој ја донесе испратената помош од Турција и ја напиша пораката „Денеска од Турција пристигна гест на голема солидарност кон Италија.“

Ди Мајо авионот кој превезуваше медицински материјали испратени од Турција за Италија го пречека во воената база Практика ди Маре и во говорот што го доржа овде го истакна следното: „Денешната помош е од големо значење за нас. Им благодариме на претседателот Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и на турскиот народ за солидарноста.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу исто така до својот италијански колега Луиџи Ди Мајо ја испрати следната порака: „Пријателите се за тешки денови.“

Постојаното претставништво на Италија во НАТО во споделената порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер исто така напиша „Благодарност до нашите турски пријатели за нивната солидарност“ и ги додаде таговите „Заедно сме силни“ и „Ние сме НАТО.“

Во меѓувреме и известувачот на Европскиот парламент за Турција Начо Санчез Амор и се заблагодари на Турција за испратената медицинска помош на Шпанија и го рече следното: „Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што ја покажавте.“



Слични вести