Ердоган: Нашиот најголем приоритет е да им овозможиме на нашите граѓани да ги намираат своите основни потреби

Претседателот Ердоган истакна дека Турција располага со сила и капацитет да го победи новиот тип коронавирус (Ковид-19) и рече дека во период на борба против коронавирусот на општините им се паѓаат многу позначајни задачи

1390107
Ердоган: Нашиот најголем приоритет е да им овозможиме на нашите граѓани да ги намираат своите основни потреби

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција им се обрати на градоначалниците и претседателите на локални управи на својата Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Ердоган истакна дека Турција располага со сила и капацитет да го победи новиот тип коронавирус (Ковид-19) и рече дека во период на борба против коронавирусот на општините им се паѓаат многу позначајни задачи.

Велејќи дека треба да се продолжи на распространет начин набавката и раздавањето на материјалите за чистење и заштита во локалните управи, претседателот Ердоган нагласи дека никако не треба да, се остават сами особено граѓаните кои се соочуваат со тешкотии во обезбедувањето на своите животни потреби, а поради тоа што останале без работа или располагаат со недоволни приходи.

Тој рече: „Нашиот најголем приоритет е да овозможиме нашите граѓани да можат да ги намираат своите основни потреби без притоа да западнат во тешкотија за обезбедување на својата егзистенција.“

Претседателот Ердоган рече дека Турција која им дава поддршка и на пријателските и братски земји, е во подобра состојба во споредба со голем број земји, но дека тоа не се смета за доволно.

Појаснувајќи дека борбата против епидемијата на коронавирусот не е прашање само на владата и државата, туку на сите институции и организации, Ердоган рече: „Турција располага со сила и капацитет да ја победи оваа епидемија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека борбата против коронавирусот се води со одлучност, без да се паничи, со преземање на рационални, урамнотежени и реални чекори.

Велејќи „Нашата најголема сила е нашето единство“, Ердоган ги поканивме сите уште еднаш да бидат единствени, да се обединат, да се сплотат и заедно да бидат Турција. 

 



Слични вести