Во Турција бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 277, а на заразените на 15.679 лица

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа починаа уште 63 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 277 лица, а на случаите на зараза на 15.679

1389424
Во Турција бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 277,  а на заразените на 15.679 лица

Бројот на човечките загуби во Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 277 лица, а на случаите на зараза на 15.679.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по одржаниот состанок со Научниот совет одржа прес конференција.

Велејќи дека во последните 24 часа се регистрирани уште 63 смртни случаи, министерот Коџа информира дека во последните 24 часа исто така се направени уште 14.396 тестови од кои се утврдени 2.148 новозаразени лица од коронаворусот.

На тој начин вкупниот број на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се зголеми на 277 лица, а бројката на утврдените случаи на заразени достигна до 15.679. 

Бројот на излекуваните од Ковид-19 и отпуштените лица од болница пак изнесува 333.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Стапката на смртност од случаите на зараза изнесува 1,58 отсто. Во оваа смисла сме на пониско ниво од голем број други земји.“

Нагласувајќи го и тоа дека изолацијата е задолжителна во оваа борба, министерот Коџа го подвлече следното: „Овае војна за народно здравје. Нашата стратегија треба да биде стабилниот живот.“



Слични вести