Помош од Турција за Шпанија и Италија во опрема за борба против коронавирусот

Турција испрати помош во опрема и материјали за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на Шпанија и Италија

1388979
Помош од Турција за Шпанија и Италија во опрема за борба против коронавирусот
Turkiye ispanya italya yardim.jpg
Turkiye ispanya italya yardim1.jpg

Турција им ја подаде својата рака за помош на Шпанија и Италија како најмногу погодени земји од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот и кои истовремено се дојдени во положба на епицентар на епидемијата во Европа.

На воениот карго авион на воениот аеродром во Етимесгут во Анкара беа натоварени илјадници материјали за медицинска помош како заштитна опрема од маски и облека, антибактеријална течност и средства за дезинфекција произведени со домашни и национални можности во воените фабрики во склопот на Министерството за национална одбрана, шивачници и во институцијата за машинска и хемиска индустрија.

На сандаците со испратените материјали за помош на италијански и шпански се напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми: "Колку бројни надежи има по безнадежноста. Колку бројни сонца има по мракот." 

На сандаците е напишано и следното: "Од Турција со љубов за шпанскиот народ." 

Авионот натоварен со испратената помош од Турција, полета од воениот аеродром во Етимесгут во Анкара и најпрвин ќе слета во Шпанија, а потоа оттаму ќе полета за Италија.



Слични вести