Ибрахим Калин: Турција покажува сојузничка солидарност и истото се очекува и од сојузниците

Портпаролот Ибрахим Калин, на пораката на генералниот секретар на НАТО Столтенберг одговори со зборовите „Турција покажува солидарност со своите сојузници за време на криза и во тешки времиња, а воедно и од сојузниците се очекува да го сторат истото“

1389405
Ибрахим Калин: Турција покажува сојузничка солидарност и истото се очекува и од сојузниците

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција како членка на НАТО покажува сојузничка солидарност и дека и од сојузниците се очекува да го сторат истото.

Калин одговори на пораката на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг којашто во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја сподели на својот профил на Твитер со фотографијата на авионот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кој им однесе помош на Италија и Шпанија во медицински материјали.

Портпаролот Ибрахим Калин во оваа своја споделена објава укажа дека Турција покажува солидарност со своите сојузници за време на криза и во тешки времиња, а воедно нагласи дека и од сојузниците се очекува да го сторат истото.

Калин, воедно и во една друга споделена објава на својот профил на социјалната медија ја изнесе следната констатација: „Се наоѓаме во средината на една пресвртница во историјата, доживуваме момент на промена на една парадигма. Овој тежок предизвик, или ќе не зближи едни со други или ќе не претвори во странци во еден постепено понеизвесен и кршлив свет. Изборот е наш.“

Инаку, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „НАТО солидарноста е во акција. Чувствувам понос од тоа што нашите НАТО сојузници си доставуваат взаемна поддршка со центарот за помош во елементарни непогоди. Заедно сме посилни.“



Слични вести