98 турски државјани во странство животите ги загубија од Ковид-19
Турција обезбеди враќање на над 20 илјади државјани од 50 земји
1388734

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека 98 турски државјани животите ги загубија поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).
Вчера министерот Чавушоглу по телефон се поврза на емисијата во живо на информативниот канал „ТРТ Хабер“ и рече:
„За жал поради коронавирусот и во странство, животите ги загубија 98 турски државјани. Изразувам сочувство на целиот народ.
Турција обезбеди враќање на над 20 илјади државјани од 50 земји.
Моментално во странство се наоѓаат околу 10 илјади турски државјани. Земајќи ги во предвид условите на карантин, ќе продолжиме со враќањето на нашите граѓани, а исто така продолжуваме со поддршката на оние коишто не можеме да ги вратиме“ рече Чавушоглу.