Вооружен судир помеѓу жандармеријата и група терористи кои се обиделе да се префрлат во Турција

На турско-иранската граница дојде до вооружен судир помеѓу жандармеријата и група терористи кои се обиделе да се префрлат во Турција

1388297
Вооружен судир помеѓу жандармеријата и група терористи кои се обиделе да се префрлат во Турција

Во вооружен судир помеѓу жандармеријата и група терористи кои се обиделе од подрачјето кај градот Агри на турско-иранската граница да се префрлат во Турција, е неутрализирана една терористка.

Според објавеното соопштение од Губернијата на градот Агри, екипите на градската команда на жандармеријата синоќа утврдиле група терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се обиделе преку иранската граница да се префрлат во Турција.

Притоа во вооружениот судир помеѓу групата терористи и жандармеријата е неутрализирана една терористка. 

Како што се истакнува операцијата во подрачјето продолжува.



Слични вести