Турција ги осуди терористичките напади во Авганистан

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се осудуваат терористичките напади коишто беа реализирани на 29 март во недела, во провинциите Тахар, Забул и Хелманд во Авганистан

1388142
Турција ги осуди терористичките напади во Авганистан

Турција ги осуди реализираните терористички напади во Авганистан.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со големо жалење е дочекана веста за големиот број загинати припадници на авганистанските безбедносни сили во реализираните терористички напади на 29 март во недела, во провинциите Тахар, Забул и Хелманд во Авганистан. Ги осудуваме овие терористички напади, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, а на пријателскиот и братски авганистански народ го изразуваме нашето сочувство.“

Инаку, во реализираните напади од страна на талибанските милитанти во провинциите Тахар и Забул во Авганистан како и во вооружените судири помеѓу талибанските милитанти и безбедносните сили во провинцијата Баглан загинаа 25 припадници на безбедносните сили на Авганистан.



Слични вести