Поддршка од потпретседателот Фуат Октај на започнатата кампања за национална солидарност

Потпретседателот Фуат Октај, во врска со започнатата кампања за национална солидарност на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со хаштагот „Ние сме доволни за самите себе“ (bizbizeyeteriz)

1387944
Поддршка од потпретседателот Фуат Октај на започнатата кампања за национална солидарност

Потпретседателот Фуат Октај упати повик за поддршка на кампањата за национална солидарност којашто е започната под водство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Октај, во врска со кампањата за национална солидарност на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со хаштагот „Ние сме доволни за самите себе“ (bizbizeyeteriz).

„Нашата цел е да обезбедиме дополнителна поддршка за нашите граѓани кои се загрозени (оштетени) поради преземените мерки. Ги повикуваме сите наши граѓани и особено нашите бизнисмени да дадат поддршка на кампањата.“ - напиша потпретседателот Фуат Октај во својата споделена објава преку социјалната медија.



Слични вести