Ердоган и Трамп разговараа телефонски: Глобална солидарност и соработка во борбата против Ковид-19

Двајцата лидери, Ердоган и Трамп во телефонскиот разговор постигнаа согласност во однос на тоа дека борбата против епидемијата би можела да резултира со успех само со глобална солидарност и соработка

1388644
Ердоган и Трамп разговараа телефонски: Глобална солидарност и соработка во борбата против Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. 

Во телефонскиот разговор беа разгледани билатералните односи, регионални прашања и епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го зафати и пустоши низ целиот свет.

Двајцата лидери, Ердоган и Трамп постигнаа согласност во однос на тоа дека борбата против епидемијата би можела да резултира со успех само со глобална солидарност и соработка.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, двајцата лидери воедно донесоа одлука да ги фрлат потребните чекори во споделувањето на најдобрите применувања и податоци и искуства за ставање под контрола на разните ефекти на епидемијата.

Во објавеното соопштение во врска со остварениот телефонски разговор од Белата куќа пак, се истакнува дека Ердоган и Трамп нагласија дека поддржувањето на прекинот на огнот во Сирија и Либија е позначајно и од порано.



Слични вести