Во Турција постигната социјална изолација

Сојлу рече дека при усвојувањето на одлуките во борбата против Ковид-19, Турција се раководиме многу похрабро од другите земји и дека навремено беа преземени потребните мерки

1387419
Во Турција постигната социјална изолација

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека во рамките на мерките и борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција е постигната социјална изолација.

Министерот Сојлу одговараше на прашањата кои се наоѓаат на дневниот ред.

Сојлу рече дека при усвојувањето на одлуките во борбата против Ковид-19, Турција се раководиме многу похрабро од другите земји и дека навремено беа преземени потребните мерки.

На едно прашање во врска со тоа дали ќе се донесе одлука за воведување полициски час, министерот Сојлу рече дека не постои ниту една мерка која што не ќе можеме да ја преземеме.

Турција воспостави социјална изолација. Не се колебаме да преземеме било какви мерки на претпазливост. Моментално околуу 95 отсто од населението се повлече во домовите. Активно ќе ги следиме претстојните денови, рече Сојлу.



Слични вести