Во Турција бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 168 лица, а на случаите на зараза на 10.827

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека бројот на починатите од новиот тип коронавирус во земјата со смртта на уште 37 заболени се зголеми на 168 лица, а вкупниот број на случаите на зараза изнесува 10.827

1387869
Во Турција бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 168 лица, а на случаите на зараза на 10.827
sağlık bakanlığı.jpg

Билансот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се зголеми на 168 лица, а вкупниот број на случаите на зараза во земјата изнесува 10.827.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Во последните 24 часа се дијагностицирани 1.610 лица заразени од Ковид-19, а вкупниот број на случаите на зараза изнесува 10.827 лица. Изгубивме уште 37 наши граѓани.“

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство пак, е соопштено дека бројот на излекуваните од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега изнесува 162 лица.



Слични вести