Претседателот Ердоган ја започна кампањата за национална солидарност „Ние сме доволни за самите себе Турцијо“

Претседателот Ердоган во своето обраќање до нацијата што го одржа по состанокот на претседателскиот кабинет преку видеоконференција, ја започна кампањата за национална солидарност под слоганот „Ние сме доволни за самите себе Турцијо“

1387889
Претседателот Ердоган ја започна кампањата за национална солидарност „Ние сме доволни за самите себе Турцијо“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет преку видеоконференција имаше обраќање до нацијата.

Ердоган ја започна кампањата за национална солидарност под слоганот „Ние сме доволни за самите себе Турцијо“.

Појаснувајќи дека со цел да им се достави дополнителна поддршка на граѓаните со ниски примања кои се загрозени (оштетени) поради преземените мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го зафати целиот свет се започнува кампањата за национална солидарност под слоганот „Ние сме доволни за самите себе си Турцијо“, претседателот Ердоган го рече следното: „Кампањата ја отворам подарувајќи ја мојата седум месечна плата.“ 

Тој рече дека по состанокот на претседателскиот кабинет и министрите ја соопштија својата поддршка на камањата и подвлече дека најголемиот придонес се очекува од бизнисмените и добротворните граѓани.

„Вклучувајќи ги и претседателите на месни задници (мухтарите) ќе овозможиме собраните пари на најправилен начин да пристигнат на свое место.“ - рече Ердоган.

Велејќи „Ниту еден вирус не е посилен од нашето единство, заедништво и братство“, претседателот Ердоган воедно информира дека Турција е во подобра состојба во споредба со другите земји од аспект на здравствената инфраструктура, здравствениот персонал, лековите и медицинскиот метаријал и креветите за интензивна нега. 

„Почнувајќи уште од првите денови на епидемијата на Ковид-19 во правец на препораките на нашиот Научен совет, ги ставаме во примена целосно здравствените мерки“ - рече Ердоган и подвлече: „Поради тоа што нашата земја ги поризведува самата сите основни прехранбени производи, ѝ нашите залихи, ѝ функционирањето на нашите синџири за снабдување се на ниво на задоволување на нашите потреби.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека преземените мерки покажуваат дека „државата е покрај народот“ и го додаде следното: „Ниту една болест не може да премине пред светлите утра. Ниту една закана не може да не одврати од постигнување на нашите цели. Бидејќи ние сме Турција.“



Слични вести