Вкупниот број на починати од коронавирусот во Турција се зголеми на 108 лица

„Дијагностицирани се нови 1.704 случаи. Животот го загубија 16 заболени. Со овие резултати бројот на човечките загуби се зголеми на 108, а бројот на заболени на 7.402 лица.“ - напиша министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на Твитер

1386837
Вкупниот број на починати од коронавирусот во Турција се зголеми на 108 лица

Во Турција се регистрирани уште 16 човечки загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 108 лица, а бројот на дијагностицирани случаи на зараза од вирусот се искачи на 7.402 лица.

Министерот за здравство Фахретин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер  напиша: „Дијагностицирани се нови 1.704 случаи. Животот го загубија уште 16 заболени. Со овие резултати бројот на човечките загуби се зголеми на 108, а бројот на заболени на 7.402 лица.“

Велејќи дека досега се направени вкупно 55.464 тестирања и дека вкупниот број на дијагностицирани пациенти досега изнесува 7.402 лица,  министерот за здравство Фахреттин Коџа додаде дека 445 заболени се наоѓаат на интензивна нега, а 70 пациенти се излекувани.



Слични вести