Повик преку видео порака од Мевлут Чавушоглу до турските граѓани во странство да останат дома

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу посака од турските граѓани кои живеат во странство во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) да не излегуваат од своите домови во земјите во кои се наоѓаат

1387118
Повик преку видео порака од Мевлут Чавушоглу до турските граѓани во странство да останат дома

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео со пораката „За нас сте драгоцени! Остани дома за да се сретнеме повторно во нашата убава земја, за да ставиме крај на носталгијата по татковината!“ и со таговите „Животот може да го исполни домот, Остани дома, Ќе победиме заедно“.

Чавушоглу посака од турските граѓани кои живеат во странство во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) да не излегуваат од своите домови во земјите во кои се наоѓаат. 

Обраќајќи им се на мошне ценетите граѓани и сонародници кои живеат со километри далеку од татковината, Мевлут Чавушоглу во својата порака рече: „Исто како и нашите граѓани во Турција и вие сте драгоцени, значајни за нас. Ве молиме деновиве не излегувајте од вашите домови, без потреба.“

Чавушоглу во продолжението од видеото го истакна следното: „Внимавајте на предупредувањата на нашите амбасади, генерални конзулати и на надлежните во земјите во кои живеете. Како и секогаш и во овие тешки денови ве молиме во нашите мисии во странство чувствувајте се како во својот дом. Доколку имате било каква потреба во однос на било кое прашање ве молиме обратете се директно до нашите мисии, преку нашите дежурни телефони и до нашите кол центри во Анкара кои даваат услуга нон стоп, во текот на 24 часа (24/7). Со најдлабока почит и љубов до вас од татковината. Аллах нека биде со вас.“

Во споделеното видео од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, ѝ амбасадори ѝ генерални конзули на Турција на должност во некои надворешно конзуларно-дипломатски претставништва, го доставија следниот повик до турските граѓани: „Останете дома“ и „Животот го исполнува домот“.



Слични вести