Претседателот Ердоган ги објави новите мерки во борбата против Ковид-19

Целосно се прекинати летовите за странство

1386497
Претседателот Ердоган ги објави новите мерки во борбата против Ковид-19

Согласно препораките на Научниот совет, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги објави новите одлуки во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

„Поаѓајќи од верувањето дека ниту една катастрофа не е поголема од нашата сила, борбата против Ковид-19 ја продолжуваме заедно со народот и голема решителност“. Претседателот Ердоган, новите мерки кои ги презеде и ќе ги спроведе државата во борбата против коронавирусот за здравството, спокојството, безбедноста и иднината на граѓаните, ги објави според доленаведениот редослед:

- Како во јавниот сектор така и во приватниот сектор ќе се премине кон флексибилен систем на работа со минимален персонал;

- Во возилата на јавниот превоз ќе се применува реткиот аранжман на седење;

- Просторите за пикник, шумите, локалитетите ќе бидат затворени за викендите, а исто така и во текот на неделата луѓето во овие места не ќе можат да се собираат;

Целосно се прекинати летовите за странство.“

Претседателот Ердоган во продолжение рече: „Кога овој период ќе го надминеме во најкратко време и со најмали последици, пред нас се наоѓа и не очекува светла иднина. Турција располага со потребната моќ и можности за надминување на оваа болест, а исто така нашиот народ ја поседува потребаната проникливост и способност за внимателно спроведување на преземените мерки“



Слични вести