Ердоган: „Епидемијата од коронавирусот не потсети дека дека споделуваме иста судбина“

Турција уште од самиот почеток на епидемијата активно ги следи случувањата и ги презеде потребните мерки

1385958
Ердоган: „Епидемијата од коронавирусот не потсети дека дека споделуваме иста судбина“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека едпиемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) не потсети дека судбината ни е иста, без оглед на тоа што имаме различна вера, јазик или држава.“

Претседателот Ердоган на вчерашниот Самит на лидерите на Г-20 учествуваше преку видеоконференција. Во говорот во оваа прилика претседателот Ердоган изрази жалење поради смртта на заразените пациенти во светот и им се заблагодари на здравственте работници.

Турција уште од самиот почеток на епидемијата активно ги следи случувањата и ги презеде потребните мерки, рече Ердоган и во продолжение додаде:

„Вложуваме големи напори за да им помогнеме на пријателските и братски народи во овие тешки денови. Верувам дека оваа епидемија уште еднаш не потсети на фактот дека без оглед на различните вери, јазици и земји, судбината ни е заедничка. Ниту еден од нас нема луксуз да води протекциони и еднострани политики. Доколку водиме слободна, отворена и меѓународна трговија која ќе се заснова на правилата, тогаш истата ќе одигра значајна улога во намалувањето на неповолното влијание на епидемијата. Во тие рамки, многу е значајно сите национални мерки што ќе ги преземеме да бидат во согласност со правилата на Светската трговска организација и истите да бидат поттикнувачки за зајакнување на меѓународната соработка“.

Ердоган во врска со контролата на епидемијата и воспоставувањето на дијагнозата на болеста како и лекувањето рече дека треба да се споделуваат стекнатите искуства, потенцирајќи дека епидемијата на коронавирусот уште еднаш не потсети на значењето и потребата од соработката и духот за меѓусебно усогласување на Г-20.

Претседателот Ердоган во оваа прилика посочи на тешкотиите со кои се соочуваат голем број развиени земји во борбата против епидемијата, а исто така додаде дека целосно се распаднати здравсвените системи на земјите во кои се водат судири и војни.

Бегалците и мигрантите во светот кои се изложени на присилни миграции, особено оние од Сирија најмногу се изложени на неповолното влијаание на епидемијата, рече Ердоган и подвлече:

„Во меѓувреме и јас сакам да истакнам дека придавам големо значење на потребата од пружање помош на земјите во развој и особено во Африка. Вирусот кој предизвикува закана за сите нас, истовремено преставува извонредна можност за сплотување на човештвото против ова заедничк зло. Турција како и секогаш е спремна на солидарност и меѓусебна соработка наспроти оваа несреќа“.



Слични вести