Честитики од Турција до Македонија и Албанија

Турција верува дека со усвојувањето на оваа одлука и покрај одреденото задоцнување, ќе даде сериозен придонес во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот на регионот

1386066
Честитики од Турција до Македонија и Албанија

Турција им испрати честитки на Република Северна Македонија и Албанија по повод официјалното започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Во сооштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) на Турција беше истакнато следното:

„Им честитаме на пријателските и сојузнички земји Република Северна Македонија и Албанија по повод официјалното започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“.

Во соопштението беше истакнато дека и Турција во својство на земја кандидат која води пристапни преговори, уште од самиот почеток ги поддржува Балканските земји во нивната интеграција со Евроатланските интеграции.

„Турција верува дека со усвојувањето на оваа одлука и покрај одреденото задоцнување, ќе даде сериозен придонес во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот на регионот како и патот на ЕУ да стане глобална сила. Моментално постои многу поголема потреба од минатото за поттикување на членството на 7-те земји кандидати земајќи го во предвид фактот дека најзначајното меко средство на ЕУ како што е политиката на проширување треба да биде поубедлива и поправедна и да не се дозволи истата да се искористи за надминување на тесноградите национални интереси.“

На 25 март 2020 ЕУ соопшти дека официјално ги започна пристапните преговори со Република Северна Македонија и Албанија.



Слични вести