Благодарност од Унгарија до Турција за доставената помош во борбата против коронавирусот

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто и се заблагодари на Турција за доставената помош на неговата земја во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1386386
Благодарност од Унгарија до Турција за доставената помош во борбата против коронавирусот

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук истакна дека Унгарија во рамките на борбата против коронавирусот во изминативе денови побарала помош од Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет-Турскиот Кенеш).

Притоа Сијарто и се заблагодари на Турција за доставената помош на неговата земја во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во тие рамки, шефот на унагрската дипломатија Петер Сијарто истакна дека Турција го дозволи извозот за Унгарија на 8 тони текстил којшто ќе се користи во производство на заштитни маски, а Узбекистан и испрати на неговата земја 150 илјади заштитни маски.

„Помошта на владите на Турција и на Узбекистан е многу значајна и ние сме благодарни за тоа. Вистинскиот пријател се познава во тешки времиња.“ - рече унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.



Слични вести