Во Турција бројот на починатите од новиот тип коронавирус се зголеми на 59 лица

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „15 наши заболени (пациенти) се збогуваа со живот. Бројот на изгубените пациенти до денеска изнесува 59.“

1385071
Во Турција бројот на починатите од новиот тип коронавирус се зголеми на 59 лица

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се зголеми на 59 лица.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „15 наши заболени (пациенти) се збогуваа со животот. Бројот на пациентите кои ги изгубивме до денеска изнесува 59.“

Министерот Коџа соопшти дека во последните 24 часа се добиени резултатите од 5.035 тестови и се дијагностицирани 561 нови случаи.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по состанокот на Научниот совет информира дека се излекувани и отпуштени од болница 26 пациенти.

По состанокот на Научниот совет, и министерот за национално образование Зија Селчук ја сподели информацијата дека училиштата ќе продолжат да останат затворени до 30 април и дека ќе продолжи онлајн наставата.



Слични вести