Претседателот Ердоган: Турција е една од ретките земји која најрано ги презеде потребните мерки против Ковид-19

Претседателот Ердоган во своето синоќешно обраќање до нацијата истакна дека Турција е една од ретките земји која најрано ги презеде потребните мерки против вирусот

1385183
Претседателот Ердоган: Турција е една од ретките земји која најрано ги презеде потребните мерки против Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето синоќешно обраќање до нацијата во врска со преземените мерки во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и состојбата до која е дојдено  истакна дека Турција е една од ретките земји која најрано ги презеде потребните мерки против вирусот.

Тој рече: „Со добра изолација, во рок од 2-3 недели ќе ја разбиеме брзината на ширење на болеста, и за што е можно побрзо време и со најмала штета ќе излеземе од овој процес. Турција е една од ретките земји која ги следи одблизу случувањата уште од првиот ден на појавата на болеста и која навремено ги презеде неопходните мерки.“

Претседателот Ердоган посака никој да нема сомневање во однос на капацитетот и квалитетот на здравствените услуги во Турција и нагласувајќи дека се направени подготовките за секој вид сценарио го рече следното: „Со добра изолација, во рок од 2-3 недели ќе ја разбиеме брзината на ширење на болеста, и за што е можно побрзо време и со најмала штета сигурно ќе излеземе од овој процес. Во спротивно ќе биде неизбежно да се соочиме со многу потешки резултати како што мжеме да видиме многу примери околу нас и поврзано со тоа со многу поригорозни мерки.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер исто така сподели објава заедно и со видеото од своето обраќање до нацијата и го напиша следното: „Ниту еден непријател не е посилен од единството, заедништвото, силата и истрајноста на нашиот народ. Иншаллах, во единство ќе ја победиме и заканата од овој коронавирус.“



Слични вести