Претседателот Ердоган преку видеоконференција учествуваше на вонредниот Лидерски самит на Г-20

Претседателот Ердоган денеска од дворецот Хубер во Тарабја, во Истанбул учествуваше на вонредниот Лидерски самит на Г-20 што се одржа преку видеоконференција и со дневен ред посветен на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1385723
Претседателот Ердоган преку видеоконференција учествуваше на вонредниот Лидерски самит на Г-20
erdogan g20 video konferans.jpg
erdogan g20 video konferans1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на вонредниот Лидерски самит на Г-20 што се одржа преку видеоконференција и со дневен ред посветен на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Ердоган на Лидерскиот самит учествуваше од дворецот Хубер во Тарабја, во Истанбул.

Лидерскиот самит траеше 2 часа 15 минути и беа донесени следните одлуки: 

- Ќе им се помогне на сите земји кои имаат потреба од помош и ќе се воспостави координацијата по прашањето на здравјето на општеството и финансиските мерки.

- Ќе бидат преземени сите потребни здравствени мерки за ставање под контрола на епидемијата и ќе се побара доволно финансирање.

- Земјите на Г-20 ќе направат се што е неопходно за справување со епидемијата на коорнавирусот.

На Самитот, заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и претставникот на Турција за Г-20 Хајреттин Демирџан.

Групата земја позната по името Г-20 (составена од 19 најразвиени, индустријализирани земји од светот и ЕУ) освен Турција ја сочинуваат Германија, САД, Аргентина, Австралија, Бразил, Кина, Индонезија, Франција, Јужна Африка, Јужна Кореја, Индија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, Мексико, Русија, Саудиска Арабија и Комисијата на Европската унија (ЕУ).

Денешниот вонреден Лидерски самит на Г-20 беше свикан за разгледување на начините на координирано дејствување во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и последиците коишто оваа глобална епидемија (пандемија) ги предизвикува врз економијата.



Слични вести