Претседателот Ердоган преку видеоконференција учествуваше на состанокот на Научниот совет за коронавирусот

Претседателот Ердоган преку видеоконференција учествуваше на состанокот на Научниот совет за коронавирусот

1385681
Претседателот Ердоган преку видеоконференција учествуваше на состанокот на Научниот совет за коронавирусот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера преку видеоконференција учествуваше на состанокот на Научниот совет за коронавирусот. 

Претседателот Ердоган на состанокот беше информиран од страна на министерот за здравство Фахреттин Коџа и министерот за национално образование Зија Селчук и ја достави својата благодарност до членовите на Научниот совет за борбата којашто се води против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека работите и препораките на Научниот совет одиграа мошне голема улога во навременото преземање од страна на Турција на потребните мерки против оваа болест и во развојот релативно на ниско ниво на процесот, претседателот Ердоган го рече следното: "Нашиот народ ги дочека со големо разбирање мерките коишто ги презедовме во рамките на борбата против овој вирус и во голема мера се придржува кон нив. И доколку во нашето општество би имало такви кои засега не ја сфатиле големината на заканата, во основа сме задоволни од чувствителноста на нашиот народ. Верувам дека и оние кои се уште не ја сфатиле виталноста на прашањето верувам дека и тие со вашите предлози и препораки во најскоро време ќе ја согледаат вистината."

Ердоган привлече внимание дека истрајниот, конструктивниот, јасниот и убедувачкиот став што го презентираат науката и научниците во овој процес, ќе послужи за пример и во другите сфери.

Тој рече: "Стапката на случаите и смрт во нашата земја го покажува трендот којшто постојано се намалува. Стимулациите во однос на првиот дел на месец април со секој поминат ден уште малку назадуваат со соопштувањето на случаите и смрт коешто се објавува на крајот на секој ден. Пожртвуваноста што ја покажуваат нашите здравствени работници во овој процес заслужуваат секакво ценење. Во ваше име уште еднаш им честитам на сите наши здравствени работници."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со преземените мерки освен здравјето на народот се работи за решавање на сите  проблеми од обезбедувањето на неговите потреби до неговата животна егзистенција, а воедно рече: "Државата Република Турција, со сите свои можности стои покрај секоја единка на своите 83 милиони граѓани. На ист начин со посредство на нашите амбасади и конзулати постојано сме во комуникација со нашите граѓани кои живеат во странство. На нашите граѓани кои сакаат да се вратат во својата земја, давајќи им приоритет на студентите, им ги обезбедуваме потребните можности во рамките на постоечките услови."

На состанокот присуствуваа и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести