Претседателот Ердоган преку видеоконференција ќе учествува на вонредниот Лидерски самит на Г-20 за Ковид-19

Претседателот Ердоган денеска во 15:00 часот по турско време преку видеоконференција ќе учествува на вонредниот Лидерски самит на Г-20 посветен на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1385387
Претседателот Ердоган преку видеоконференција ќе учествува на вонредниот Лидерски самит на Г-20 за Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција ќе учествува на денешниот вонреден Лидерски самит на Г-20 посветен на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, на вонредниот Лидерски самит на Г-20 што ќе се одржи преку видеоконференција во 15:00 часот по турско време, претседателот Ердоган ќе учествува од својата канцеларија во дворецот Хубер во Истанбул. 

На Самитот, заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и претставникот на Турција во Г-20 Хајреттин Демирџан.



Слични вести