Министерот Чавушоглу оствари телефонски разговори со Столтенберг и со некои свои колеги од други земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а вчера разговараше и со своите колеги од Србија, Бугарија, Полска, Пакистан, Алжир и Тунис

1385524
Министерот Чавушоглу оствари телефонски разговори со Столтенберг и со некои свои колеги од други земји

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Телефонскиот разговор е остварен пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО за којшто се планира да се одржи наредната недела преку видеоконференција.

Чавушоглу, во дадената изјава за новинарите вчера во Министерството за надворшени работи информира дека  состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО за којшто се планира да се одржи на 2 април поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржи преку видеоконференција, а воедно истакна дека пред состанокот ќе оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу вчера исто така оствари телефонски разговори со своите колеги од неколку земји како што беа Србија, Бугарија, Полска, Пакистан, Алжир и Тунис.

Според добиени информации од дипломатски извори, Чавушоглу разговараше телефонски со српскиот министер за надворшени работи Ивица Дачиќ, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, полскиот министер за надворшени работи Јачек Капутович, пакистанскиот министер за надворшени работи Шах Махмуд Курејши, алжирскиот министер за надворешни работи Сабри Букадум и со тунискиот министер за надворешни работи Нуредин ер-Рај.

Не беа споделени информации во врска со содржината на овие остварени телефонски разговори.



Слични вести