Заврши евакуацијата на турските студенти кои сакаа да се вратат во Турција: Евакуирани се 2.721 студент

Потпретседателот Фуат Октај на својот профил на Твитер сподели објава во врска со турските студенти кои се наоѓаа во земјите од кои во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа сопрени летовите за Турција

1384709
Заврши евакуацијата на турските студенти кои сакаа да се вратат во Турција: Евакуирани се 2.721 студент

Потпретседателот Фуат Октај соопшти дека е завршена евакуацијата на турските студенти кои студираа во странство, а кои сакаа да се вратат во Турција.

Октај на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со турските студенти кои се наоѓаа во земјите од кои во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа сопрени летовите за Турција.

Велејќи дека е завршена евакуацијата на турските студенти кои сакаа да се вратат во татковината, потпретседателот Фуат Октај во својата објава го напиша следното: „ Завршена е евакуацијата на нашите студенти кои се наоѓаа за привремено во Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Полска, Италија, Египет и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) од кои земја беа сопрени летовите за нашата земја. 2.721 наш студент се донесени во Турција.“



Слични вести