Турција го осуди терористичкиот напад врз храмот на сиките во главниот град на Авганистан, Кабул

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за големиот број загинати во реализираниот терористички напад утрово на храмот на сиките во Кабул

1385058
Турција го осуди терористичкиот напад врз храмот на сиките во главниот град на Авганистан, Кабул

Турција го осуди реализираниот терористички напад врз храмот на сиките во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за големиот број загинати во реализираниот терористички напад утрово на храмот на сиките во Кабул.

„Го осудуваме овој гнасен терористички напад насочен против мултикултурната структура на Авганистан. На загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски авганистански народ, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“ - се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести