Голем број мигранти речиси еден месец продолжуваат да чекаат упорно на турско-грчката граница
Илјадници нерегуларни мигранти (бегалци) продолжуваат упорно на чекаат на турско-грчката граница со надеж дека Грција ќе ја отвори границата и преминувајќи во оваа земја ќе го продолжат патот за европските земји

Мигрантите со надеж и желба да преминат во Грција, а оттаму да заминат во Европа, 27 дена како продолжуваат да чекаат на турско-грчката граница.
И покрај острата и нечовечна (нехумана) интервенција на грчките безбедносни сили кои интервенираат безмилосно со водени топови, гасни бомби и пластични куршуми, па дури и со зајачени пластични куршуми и вистински куршуми, илјадници нерегуларни мигранти (бегалци) продолжуваат упорно на чекаат на турско-грчката граница со надеж дека Грција ќе ја отвори границата и ќе го продолжат патот за европските земји.
Мигрантите продолжуваат да чекаат на границата речиси еден месец.
На турската страна на границата кадешто чекаат мигрантите заедно со нив чекаат во смени и стотици припадници на турските безбедносни сили за воспоставување на безбедноста и редот на местата каде чекаат, здравствени работници, чистачи и раководители на институции за воспоставување на координацијата. Сите тие деноноќно и неуморно пружаат услуга за да не дојде до било какви негативности и неповолности.
Уште од денот кога се дојдени мигрантите на турско-грчката граница, под координација на валијата на Едирне Екрем Џаналп продолжува да им се доставува хуманитарна и секој вид друга потреба и помош непрекинато, нон стоп во текот на 24 часа.
Слични вести
