Чавушоглу: Во странство од коронавирусот починаа 32 турски државјани и тие ќе бидат донесени во татковината

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека во странство од новиот тип коронавирус починаа 32 турски државјани чии посмртни останки рече дека ќе бидат донесени во татковината

1384833
Чавушоглу: Во странство од коронавирусот починаа 32 турски државјани и тие ќе бидат донесени во татковината

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара информираше за последната состојба во врска со турските државјани кои се донесени од странство во татковината. 

Чавушоглу истакна дека како последно со помош на 11 летови од 8 земји се донесени во земјата 2.721 турски студент кои се ставени под карантин.

Тој воедно појасни дека од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во странство животот го загубија 32 турски државјани чии посмртни останки рече дека ќе бидат донесени во Турција. 

Во врска и со медицинските материјали коишто им се испратени од Турција и на некои земји и исто така се добиени од некои земји, Чавушоглу истакна дека во Турција се донесени медицински материјали од 69 земји и се испратени материјали за 17 земји.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека разговарал со шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја која побарала заштитни маски од Турција, а во врска со поддршката во медицински уреди го рече следното: „Меѓународната заедница треба да биде во многу поголема меѓусебна соработка од било кога досега.“

„Ние го правиме она што ни припаѓа нам како држава, нема потреба од паника, овој процес ќе го пребродиме заедно.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

 



Слични вести