Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција се зголеми на 44 лица, а 1.872 лица се заразени

Министерот за здравство Фахреттин Коџа преку својот профил на Твитер соопшти дека бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 44 лица, а на случаите на заразени од вирусот на 1.872

1384349
Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција се зголеми на 44 лица, а 1.872 лица се заразени

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се зголеми на 44 лица, а на случаите на заразени од вирусот на 1.872.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Изгубивме 7 пациенти, а се дијагностицирани нови 343 случаи на зараза.“

Министерот Коџа информира дека во последните 24 часа се направени 3.952 тестови и дека бројот на случаите на заразени од коронавирусот во земјата се зголеми на 1872 лица.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа го достави и следното предупредување: „И покрај тоа што имаме загуби, не е доцна за Турција. Превенцијата може да го спречи ширењето на заразата.“



Слични вести