Во операција кај градот Битлис се неутрализирани тројца терористи
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во реализирана операција од страна на безбедносните сили поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Битлис, се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Во реализирана операција од страна на безбедносните сили поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Битлис, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на антитерористичките операции за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата од страна на тимовите на специјалните жандармериски сили на Командата на градската жандармерија е реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Битлис, во која се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се подготвувале за терористички напад.
Во соопштението се истакнува дека операциите во подрачјето продолжуваат.