Турските студенти кои студираа во странство и сакаа да се вратат, се вратија во Турција

„Добродојдовте во татковината! Сега е време за карантин и спроведување на предострожните мерки.“

1383846
Турските студенти кои студираа во странство и сакаа да се вратат, се вратија во Турција

Турските студенти кои студираа во странство и сакаа да се вратат, а не можеа бидејќи во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беа забранети летовите за Британија, Ирска, Швајцарија и Полска, се вратија во Турција.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Јавиз Селим Киран во објвата преку профилот на твитер истакна дека турските студенти кои се наоѓаа во наведените земји кои поради Ковид-19 се наоѓаа на списокото на земјите за кои беа забранети авионските летови, со авионот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс се вратија во земјава.

Киран во објавата го сподели фотографиите од симнувањето на студентите од авионот и напиша: „Добродојдовте во татковината! Сега е време за карантин и спроведување на предострожните мерки.“

Претходно министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу имаше најавено дека околу 3 358 студенти од 7 земји во светот апицираа да се вратат во Турција од земјите кои што поради новиот тип на вирусот Ковид-19 се наоѓаат на списокот на земји за кои се забранети за авионски летови. Чавушоглу во објавата потенцираше дека сите студенти откако ќе се вратат 14 дена ќе се држат во карантин.



Слични вести