Повик од Ибрахим Калин преку социјалната медија: Да се заштитиме себе си и оние околу нас... Остани дома!

Ибрахим Калин во споделената објава преку социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „(Поради епидемијата на Ковид-19) Се наоѓаме на средината на една пресвртница. Поминуваме низ една голема точка на прекршување. Ништо нема да биде како порано.“

1383801
Повик од Ибрахим Калин преку социјалната медија: Да се заштитиме себе си и оние околу нас... Остани дома!

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин сподели објава преку социјалната медија во којашто се нагласува значењето да не се излегува од домот, во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Калин во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „(Поради епидемијата на Ковид-19) Се наоѓаме на средината на една пресвртница. Поминуваме низ една голема точка на прекршување. Ништо нема да биде како порано.“

Упатувајќи повик првенствено за надминување на оваа бура и по прашањето на стопирање на епидемијата, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во својата објава напиша: „Да покажеме дека сме поумни и посилни од вирусот. Да се заштитиме себе си и оние околу нас. Остани дома.“

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, исто така преку својот профил на социјалната мрежа Твитер ги сподели досега донесените значајни одлуки во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го напиша следното:  „Почнувајќи уште од моментот кога беше утврден првиот случај во Турција водиме една беспоштедна борба против коронавирусот."

Министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан пак, истакна дека мора да се преземат превентивни мерки против новиот тип коронавирус без притоа да се западне во паника.

Министерот Турхан ја достави следната порака до граѓаните: „Остани дома, не останувај далеку и не заборавај, коронавирусот не е посилен од ниту една мерка којашто ќе ја преземеме."



Слични вести