Ердоган: Нашите чекори во борбата против коронавирусот продолжуваме да ги фрламе во координација

Претседателот Ердоган во врска со мерките коишто се преземаат во борбата против коронавирусот, на социјалната медија напиша: „Ги следиме одблизу работите на сите наши институции и организации, продолжуваме да ги фрламе нашите чекори во координација“

1384178
Ердоган: Нашите чекори во борбата против коронавирусот продолжуваме да ги фрламе во координација

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната медија ги објави фотографиите од одржаните разговори со министрите преку видеоконференција. 

Ердоган во врска со мерките коишто се преземаат во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) го напиша следното: „Нашата работа во услуга на народот продолжува. Ги следиме одблизу работите на сите наши институции и организации, продолжуваме да ги фрламе нашите чекори во координација.“

Тој рече дека борбата на Турција против коронавирусот продолжува со се поголем интензитет.

Велејќи дека на остварената средба со потпретседателот Фуат Октај беше разговарано за можност од одложување на плаќањето на фактурите за електрична струја, претседателот Ердоган напомена дека на остварената средба со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу пак, беше информиран во врска со падот во користењето на градскиот превоз. 

Претседателот Ердоган исто така му се заблагодари на министерот за национално образование Зија Селчук за сработеното по прашањето на онлајн наставата и рече дека по прашањето на продолжување на распустот на училиштата ќе ги земе во предвид препораките на Научниот совет.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така и на остварениот разговор со министерот за здравство Фахреттин Коџа доби информации во врска со последната состојба во врска со 50-те илјади комплети за брза дијагноза на новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесени од Кина.



Слични вести