Туркиш Ерлајнс од 27 март до 17 април ги прекинува сите свои меѓународни летови

Генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши истакна дека од 27 март до 17 април ќе бидат сопрени сите меѓународни летови со исклучок на оние за Хонгконг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон

1383343
Туркиш Ерлајнс од 27 март до 17 април ги прекинува сите свои меѓународни летови

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од 27 март до 17 април ги сопре сите свои меѓународни летови со исклучок на оние за Хонгконг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон.

Генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: "Почнувајќи од 27 март до 17 април ги прекинуваме сите наши меѓународни летови со исклучок на оние за Хонгконг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон. Нашите карго летови ќе продолжат. Нашите домашни летови заедно со тоа што ќе се намалат ќе продолжат."



Слични вести