Реализирана втората заедничка турско-руска патрола на Автопатот М-4 во Идлиб, во Сирија

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во рамките на договорот од Москва, со учество на копнените и воздушните елементи е реализирана втората турско-руска заедничка копнена патрола на Автопатот М-4 во Идлиб

1383447
Реализирана втората заедничка турско-руска патрола на Автопатот М-4 во Идлиб, во Сирија

Денеска со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија е реализирана втората заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во рамките на договорот од Москва, со учество на копнените и воздушните елементи е реализирана втората турско-руска заедничка копнена патрола на Автопатот М-4 во Идлиб.

Инаку, Турција и Русија на 5 март во Москва се договорија во однос на додатниот протокол на меморандумот за стабилизација на ситуацијата во Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб.

Во додатниот протокол се наоѓаат членови како што се воспоставување на безбеден коридор во длабочина од 6 километри северно и 6 километри јужно од Автопатот М-4, детални принципи и процедури во однос на функционирањето на безбедниот коридор и донесување на одлука во рок од 7 дена помеѓу министерствата за одбрана на Турција и Русија.



Слични вести