На северот на Ирак се неутрализирани двајца, а на северот на Сирија тројца терористи

Во областа Зап во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца, а во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1383196
На северот на Ирак се неутрализирани двајца, а на северот на Сирија тројца терористи

Со реализирана операција поддржана од воздух во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека е реализирана операција поддржана од воздух во областа Зап во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели следното: „Со реализирана операција поддржана од воздух во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кои биле установени со помош на летала за извидување и набљудување. Нашите операции продолжуваат без прекин.“

Од друга страна, Министерството за национална одбрана соопшти дека се неутрализирани тројца терористи, членови на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.



Слични вести