Координационен состанок во Анкара за преземање на дополнителни мерки против коронавирусот

На координациониот состанок под претседателство на потпретседателот Фуат Октај во врска со мерките против Ковид-19, беа разгледани дополнителните мерки коишто би можеле да се преземат за спречување на ширењето на епидемијата и за здравјето на вработените

1383228
Координационен состанок во Анкара за преземање на дополнителни мерки против коронавирусот

Вчера под претседателство на потпретседателот Фуат Октај се одржа координационен состанок во врска со мерките за новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На координациониот состанок во врска со мерките против Ковид-19 кој се одржа во дворецот Чанкаја по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и под претседателство на потпретседателот Фуат Октај, беа разгледани дополнителните мерки коишто би можеле да се преземат за спречување на ширењето на епидемијата и за здравјето на вработените.

На состанокот присуствуваа министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерката за семејство, труд и социјални услуги  Зехра Зумрут Селчук и шефот за административни работи во претседателскиот абинет Метин Киратли.



Слични вести