Бројот на смртни случаи од новиот тип на Ковид-19 во Турција се зголеми на 30

Вкупниот број на заразени од коронавирус се зголеми на 1236

1382925
Бројот на смртни случаи од новиот тип на Ковид-19 во Турција се зголеми на 30

Бројот на смртни случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција се зголеми на 30.

Министерот за здравство Фахретин Коџа во објавата преку профилот на твитер истакна дека бројот на нови смртни случаи изнесува 9, а воспоставени се 289 нови дијагнози. Вкупниот број на заразени од коронавирус се зголеми на 1236.

Досега се извршени 20 245 тестови. Треба да бидеме претпазливи. Нашата земја нема да потклекне на оваа закана, рече министерот Коџа.



Слични вести