Алтун: Штетните содржини во врска со новиот тип коронавирус се опасни најмалку колку и вирусот

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека штетните содржини во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19) се опасни најмалку колку и вирусот

1382868
Алтун: Штетните содржини во врска со новиот тип коронавирус се опасни најмалку колку и вирусот

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео објава во врска со вестите за новиот тип коронавирус (Ковид-19) коишто кружат наоколу.

Алтун истакна дека штетните содржини во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19) се опасни најмалку колку и вирусот, а воедно напомена дека решението е во следење на официјалните изјави.

„Гласини, пророштва, компло теории, аудио снимки без извор, сознанија, сензации... На медиумските канали во врска со коронавирусот речиси секој ден се соочуваме вакви видови неизвесни, меѓутоа штетни содржини и верувајте сите тие се опасни најмалку колку вирусот! Решението е: Да ги следиме официјалните изјави.“



Слични вести