Турција во рамките на мерките против коронавирусот ги сопре летовите за уште 46 земји

Министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти новите преземени мерки во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1382513
Турција во рамките на мерките против коронавирусот ги сопре летовите за уште 46 земји

Турција во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги сопре летовите за уште 46 земји.

Министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти новите преземени мерки во однос на воздушниот транспорт.

Според тоа, денеска почнувајќи од 17:00 часот по турско време се сопрени летовите за уште 46 земји. На тој начин бројот на земјите за кои Турција ги сопре летовите се зголеми на 68. 

Заедно со Русија, Катар и Либија кои донесоа одлука за стопирање на летовите за Турција, бројот на земјите со кои е прекинат воздушниот сообраќај достигна до 71 земја.

Согласно последната донесена одлука 68-те земји за кои Турција го затвори воздушниот сообраќај се следните: 

Германија, Ангола, Австрија, Азербејџан, Бангладеш, Белгија, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, Алжир, Џибути, Чад, Чешка, Кина, Данска, Доминиканската Република, Еквадор, Екваторска Гвинеја, Мароко, Брегот на Слоновата Коска, Филипините, Финска, Франција, Гватемала Јужна Кореја, Грузија, Индија, Холандија, Ирак, Иран, Ирска, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Италија, Камерун, Канада, Црна Гора, Казахстан, Кенија, Турската Репблика Северен Кипар (ТРСК), Колумбија, Косово, Кувајт, Северна Македонија, Летонија, Либан, Унгарија , Египет, Монголија, Молдавија, Мавританија, Непал, Нигер, Норвешка, Узбекистан, Панама, Перу, Полска, Португалија, Словенија, Шри Ланка, Судан, Саудиска Арабија, Тајван, Тунис, Украина, Оман и Јордан.



Слични вести