Порака од претседателот Ердоган по повод 21 Март Празникот на пролетта Невруз

Претседателот Ердоган во пораката истакна: Невруз, наговесникот на пролетта, посакувам да стане повод за сеќавање на вредностите и богатствата со кои располагаме, нивно зачувување и пренесување на идните генерации

1382452
Порака од претседателот Ердоган по повод 21 Март Празникот на пролетта Невруз

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод Светскиот ден Невруз. 

Ердоган, честитајќи го Невруз, симболот на новите почетоци, надежта, братството и солидарноста, ја изнесе следната проценка: "Нашата древна цивилизација е издигната на териториите на кои владеат универзалните вредности како што се мирот, толеранцијата, љубовта и братството. Од нашите предци ни останаа во наследство врвни доблести кои не вршат дискриминација и во кои преовладуваат единството и заедништвото."

Претседателот Ердоган истакна дека честитиот народ кој секогаш зазел став на страната на правичноста, правдата и мирот, ќе напредува во братство и солидарност и на патот кон целите за 2023 година и во просперитет и спокојство ќе придонесе во изградбата на иднината. 

"Невруз, наговесникот на пролетта, којшто денеска се слави со воодушевување на една пространа географија од Централна Азија до Балканот, посакувам да стане повод за сеќавање на вредностите и богатствата со кои располагаме, нивно зачувување и пренесување на идните генерации. Невруз, празникот на изобилството и берикетот посакувам да донесе убавини и добрини за нашиот честит народ." - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 21 Март Празникот на пролетта Невруз.

Потпретседателот Фуат Октај исто така во објавата што ја сподели на на својот профил на социјалната мрежа Твитер, по повод Празникот на пролетта Невруз, го истакна следното: "Невруз, наговесникот на пролетта, посакувам да донесе здравје, љубов, спокојство и среќа за целото човештво на чело со нашата земја."



Слични вести